ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА ДИК ОБВИНЕТИ ОД СЈО ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ЌЕ ОСТАНАТ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА ДИК ОБВИНЕТИ ОД СЈО ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ ЌЕ ОСТАНАТ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИАпелациониот суд Скопје не обезбеди гаранција дека тие нема да го повторат кривичното дело, кое според обвинението на СЈО, двајцата го сториле на функциите членови на ДИК. - Бедредин Ибраими и Сашо Срцев (Фото: СДК.МК)

    Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ и Бедредин Ибраими од ДПА, обвинети од Специјалното јавно обвинителство во големиот случај „Титаник“ за изборни нерегуларности, остануваат да одлучуваат во Државната изборна комисија и за време на локалните избори. Така одлучи Основниот суд Скопје 1 и притоа не обезбеди гаранција дека тие нема да го повторат кривичното дело, кое според обвинението, двајцата го сториле на функциите членови на ДИК. Се очекува наското по жалба по овие предметите да одлучува Апелациониот суд Скопје

    СЈО за Срцев и за Ибраими бараше мерки на претпазливост – одземање на патни исправи, но и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Но, тричлениот кривичен совет во Основниот суд Скопје 1 одлучи ниту една од предложените мерки од СЈО за овие два члена на ДИК, да не се прифати.

    Во ДИК никој не може да гарантира дали Ибраими и Срцев ќе ја злоупотребат функцијата и за престојните локални избори кои што собранискиот спикер Талат Џафери најави дека ќе ги распише на шести август, а да се одржат на 15 октомври годинава. Никој нема ни надлежност, ни можност да дежура врз нив, ниту врз кој било друг член, дали ќе прават злоупотреби за локалните избори.

    „Не сме надлежни да коментираме судски одлуки, но со сериозните обвинувања за двајцата членови на ДИК, постои многу непријатна ситуација во Комисијата“, велат оттаму.
    Бранител на обвинетиот Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ е поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски.

    Претседателот на ДИК Александар Чичаковски минатата недела рече дека Комисијата во рамки на остварување на реформите на изборниот процес од владиниот план 3-6-9, меѓу другото, ќе носи подзаконски акти за тргање на политичкото влијание во ДИК, како и ажурирањето на Избирачкиот список. Како ќе го постигне тоа кога членовите на ДИК се делегирани од партиите, а Срцев и Ибраими се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со претходните изборни циклуси, не е познато.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира