ДВЕ ЛИЦА НА СТРУШКАТА ПЛАЖА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ФАТАТ УБИЕЦОТ НА БОЈКУ

    ДВЕ ЛИЦА НА СТРУШКАТА ПЛАЖА СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ФАТАТ УБИЕЦОТ НА БОЈКУУбиството на Дилавер Бојку се случи вчера околу 17 часот пред неговата кафеаната на плажата во Струга. (архивска фотографија)

    Две лица кои биле на плажата „Аква блу” во Струга каде што вчера беше убиен Дилавер Бојку-Леку се стрчале кон убиецот, но се откажале од намерата бидејќи тој бегајќи, испукал два куршума кон нив, соопштија од СВР-Охрид.

    „СВР Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело ‘убиство’ извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. Притоа, од здобиени повреди од огнострелно оружје, во општата болница во Струга починал Дилавер Б. (55) од струшкото село Велешта. Тој, на хируршкото одделение бил донесен во бесвесна состојба каде од страна на медицинска екипа укажана е лекарска помош и по неуспешна реанимација, констатирана е смрт настаната од огнострелно оружје”, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

    На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи. Притоа, констатирано е дека казненото дело е сторено на терасата од ресторанот „Аква блу“ каде седел сега починатиот Дилавер Бојку. Во негова непосредна близина се приближило засега непознато машко лице кое, во правец на главата му вперил пиштол и испукал еден проектил нанесувајќи му огнострелни повреди во пределот на темпоралната регија од левата и десната страна. Потоа, засега непознатиот сторител со трчање го напуштил ресторанот бегајќи кон улица „Партизанска“. Убиецот се уште е во бегство.
    По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира