ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БЕЗ КОМЕНТАР ЗА ПЛАТФОРМАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Брисел,(МЕТА)

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БЕЗ КОМЕНТАР ЗА ПЛАТФОРМАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ

    Европската комисија засега не ја коментира содржината на заедничката платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, објави „Мета“. На новинарско прашање како ја коментираат платформата, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел внимателно го следи развојот на настаните во земјата.

    „Тоа што во моментов можам да го кажам е дека одблизу ја следиме ситуацијата и, како што и претходно рековме, очекуваме брзо формирање на влада во рамки на уставните рокови, односно нова стабилна влада. Но, мора да видиме и итно спроведување на реформи кои ќе се однесуваат на владеењето на правото, како и спроведување на реформските приоритети и продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е сè што можам да кажам во моментов“, рече Коцијанчич на денешната прес-конференција во Брисел.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира