ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Е ЗАГРИЖЕНА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Брисел,(Мета)

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Е ЗАГРИЖЕНА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД ДИК

    Европската комисија е загрижена поради тензиите и зголемената негативна реторика во изминатите денови, одговори портпаролката на ЕК на прашањето на агенцијата „Мета“ за говорот на омраза на протестите пред Државната изборна комисија.

    „Особено сме загрижени поради тензиите во изминатите денови и зголемената негативна реторика. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да се однесуваат одговорно за да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и во демократскиот процес“, рече Коцијанчич.

    Европската комисија повика и да не се врши притисок врз ДИК и судовите.

    „Комисијата ги регистрираше прелиминарните резултати и исходот од приговорите и сега ги чека одлуките од жалбениот процес. На релевантните државни власти, вклучувајќи ја Државната изборна комисија и судот, треба да им се овозможи да работат непречено, без притисок и политичко мешање“, изјави Коцијанчич.

    Од Брисел повторија дека очекуваат брзо конституирање на новиот парламент и формирање нова влада, како и имплементација на реформите со кои ќе се решат систематските проблеми со владеењето на правото низ реформските приоритети и спроведувањето на претходните политички договори.

    Од Комисијата порачаа дека ќе продолжат да ја поддржуваат земјата во нејзината европска интеграција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира