ФАЛАТ 200.000 ДОЛАРИ ОД ЛАНСКАТА ВЕЧЕРА СО ГРУЕВСКИ И БУШ ВО ОХАЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФАЛАТ 200.000 ДОЛАРИ ОД ЛАНСКАТА ВЕЧЕРА СО ГРУЕВСКИ И БУШ ВО ОХАЈО

    Место еден милион долари, колку што беше објавено дека се собрани на ланската донаторска гала вечера со поранешниот премиер Никола Груевски и со бившиот претседател на САД Џорџ Буш во Колумбус, Охајо, во финансискиот извештај на организаторот “Македонија 2025” се заведени 736.534 долари. Ова е конечната сума што е објавена сега, иако претходно, во извештајот објавен лани на 2 октомври на веб страната на “Македонија 2025“, беше објавено дека „галата собра 1 милион долари благодарение на донациите од неколку компании, семејства, поединци и од влезниците кои ги платија гостите“.

    Уште на 10 мај, САКАМДАКАЖАМ.МК официјално побара коментар од организацаторот во врска со различните суми прикажани во извештаи како донации собрани на гала вечерата со Џорџ Буш. Побаравме објаснување на што се должи разликата од повеќе од 200.000 долари.

    На 16 мај, повторно го поставивме истото прашање, со надеж дека со оглед на тоа дека станува збор за американска организација, ќе го почитуваат правилото на транспарентност и отчетност кон медиумите, но еве и по десет дена, од таму решија да го игнорираат ношето новинарско прашање.

    Финансискиот извештај на организацијата за 2015 година во кој не се споменува милионот што само неколку страници пред оваа шемаво истиот документ е споменат како сума што се собрала само на гала вечерата со поранешниот претседател на САД Џорџ Буш (Фото: принтскрин од документот)

    Финансискиот извештај на организацијата за 2015 година во кој не се споменува милионот што само неколку страници пред оваа шема во истиот документ е споменат како сума што се собрала само на гала вечерата со поранешниот претседател на САД Џорџ Буш (Фото: принтскрин од документот)

     

    Делот од извештајот за гала вечерата за која организаторите напишале дека се собрале милион долари (Фото: принтскрин од документот)

    Делот од извештајот за гала вечерата за која организаторите напишале дека се собрале милион долари (Фото: принтскрин од документот)

    „Македонија 2025“, невладина организација формирана од македонски иселеници во 2007, лани на 26 септември беше домаќин на Гала вечера во градот Колумбус во Охајо, кој беше центар на   македонската заедница во средозападниот реон на Америка и Канада. Галата имаше за цел да собере средства за едукативните иницијативи на „Македонија 2025“, а според извештајот од 2 октомври, „настанот ги надмина очекувањата благодарение на повеќе од 400-те гости, на компаниите и на семејствата што понудија великодушни донации.“

    Првичната бројка од еден милион долари стoи и во тогашната информација на организацијата објавена на нејзинатa Интернет страница. Таму се споменуваат уште дополнителни 500.000 долари, донациии на семејствата Зафировски и Битови, кои донираа по 250,000 долари за да ги поддржат програмите за лидерство и претприемништво.

    Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК, што биле на гала вечерата, велат дека бројката не смее да се разликува оти се работи за донации кои 100 проценти треба да се искористат за Фонд за едукативни програми во Македонија.

    „Организацијата јавно вети дека сите собрани донации ќе бидат наменети за едукативни програми чија цел е да се подобрат економијата и бизнисот во Македонија. Имаше  луѓе што дојдоa од Канада за да донираат, и треба да знаат каде и како се потошени и уште се трошат овие пари”, велат тие.

    На истата вечера Груевски, во име на претседателот Ѓорѓе Иванов го одликуваше со орден поранешниот американски претседател Буш за неговата улога во признавањето на САД на Република Македонија под уставно име, по што, според извештајот на веб страната на „Македонија 2025“, следела јавна дискусија на која модератор бил соосновачот на организацијата, биснизменот Мајк Зафировски.

    “Пораките што ги пренесе господинот Буш се однесуваа на разновидни теми, како на тоа како исправно да се води бизнис, како корупцијата и незаузданата  политичка моќ може да ги настрани општествата, важноста на невладините организации и на заедниците, значењето наi емигрантите, важноста на слободните информации и граѓанските права. Забелешките на господинот Буш оставија силен впечаток на групата што дојде од Македонија како претставници на Владата”, пишува во информацијата објавена на официјалната страница на здружението “Македонија 2025” под наслов „Ја поддржуваме иднината на Македонија: Гала вечерата во Колумбус ни покажа како се прави тоа“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари