ФАТИМЕ ДА СЕ ТРГНЕ ОД СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ, БАРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ АНЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФАТИМЕ ДА СЕ ТРГНЕ ОД СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ, БАРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ АНЕВСКИ

    Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле Етичкиот кодекс на јавните обвинители, заклучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Членовите на Советот одлучил да и даде препорака на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ја разгледа можноста за определување на друг јавен обвинител за застапување на предметот насилство во општина Центар.

    „Се работи знаете за оној предмет каде што е обвинет експремиерот со други лица за кривично дело, мислам дека беше насилство“, објасни претседателот на Советот Петар Аневски, без да го изусти името на обвинетиот експремиер Никола Груевски.

    Претставката против обвинителката Фетаи ја поднела судијката Татјана Михајлова, за рочиштето на 22 февруари, кога таа за навреди кон Основниот суд Скопје 1, како што рече, ги казни Јанева и Фетаи со по 2.000 евра. Михајлова откако не им даваше збор на Фетаи и на Јанева, тие стануваа од столчето и го кажуваа тоа што имале намера да го кажат, а Михајлова поради тоа им пиша вкупно 4 казни по илјада евра.

    Застапникот на обвинението против Груевски и уште 15 нарачатели и извршители на насилствата во општина Центар, Фатиме Фетаи, на претходното рочиште дојде со Специјалната обвинителка Катица Јанева. Тие уште на почетокот бараа да добијат збор за да реагираат дека Михајлова во записникот од претходното рочиште направила груб фалсификат, поради што Јанева ќе покрене кривична пријава за фалсификат и за други кривични дела против неа. Фетаи реагираше дека Михајлова, која е в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1, го фалсификувала записникот од претходното рочиште:

    „Кога јас и одбраната се изјаснувавме по однос на употребливоста на незаконски следените комуникации, јавноста беше исклучена . Потоа, кога новнарите се вратија, судијата со тивок глас прочита дел од она што беше кажано од наша страна. Во записникот е наведена сосема обратна ситуација, дека јас сум се произнела во присуство на јавноста и дека јавноста била исклучена единствено во делот кога се слушале аудиоснимките, што не е воопшто точно“, кажа Фетаи на судењето.

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи беше казнета со 1.000 евра од судијката Татјана Михајлова за изјавата: „Не сум дојдена судијке да ве видам колку сте убава“ за време на минатото судење на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за насилствата во Општина Центар и нарачување шамари за градоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година.

    Изјавата на Фетаи беше цитат на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која во бомбата на опозицијата за партиските вработувања, во разговор со тогашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски вели: „Не сме го стаиле зошо е најубав таму“ за претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски.
    На судењето, Фетаи доби уште една казна за „елементарно непочитување на судот“ од 1.000 евра од Михајлова, која е и в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1. Две казни од по 1.000 евра доби и специјалната обвинителка Катица Јанева.
    Откако изрече четири казни за Јанева и Фетаи, судијката Михајлова го прекина судењето.

    Препораката на Советот на јавни обвинители до Јанева да ја тргне Фетаи од предметот против обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и останатите, не е обврзувачка за Специјалната јавна обвинителка.
    Судењето продолжува утре во Основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира