ФАТИМЕ МУ РЕЧЕ НА ЉУБЕ „ДОБРО Е ШТО ИЗЛЕЗЕ“, НА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФАТИМЕ МУ РЕЧЕ НА ЉУБЕ „ДОБРО Е ШТО ИЗЛЕЗЕ“, НА РОДЕНДЕНОТ НА КРАЛИЦАТА

    На синоќашниот роденден на кралицата што го организираше Британската амбсада, обвинителката Фатиме Фетаи го поздрави Љубе Бошкоски со зборовите „Добро е што излезе“. Тој се поздрави и со Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство. Кога ја забележа извика „Сестро Катице“ и тргна кон неа, но таа беше воздржана во поздравот.

    boskoski-katica

    Обвинителката Катица Јанева беше воздржана во поздравот (Фото: СДК.МК)

    Бошкоски се појави на роденденот пред крајот, веднаш откако од приемот си замина поранешниот премиер Никола Груевски. Тој кусо разговараше и со амбасадорите на Британија и на САД во Македонија, Чарлс Гарет и Џес Бејли.

    Ова е прво појавување во јавноста на претседателот на Обединети за Македонија, Бошкоски. Тој кога излезе од затвор на трети јуни годинава, замоли да не биде вознемируван од медиумите и најави дека ќе се воздржи од изјави за јавноста. Синоќа направи мал исклучок и одгвори на прашањето дали почнал да работи.

    „Одморам, не планирам ништо. Се уште не сум привикнат на слободата па полека се адаптирам на работата и сакам да се посветам на фамилијата. Засега адаптирањето добро ми оди“, рече Бошкоски.

    Бошкоски издржуваше затворска казна пет години. Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања и беше осуден на пет години затвор.

    За начинот на неговото апсење Специјалното јавно обвинителство води предмет под името „Тортура“. СЈО покрена истрага против седум лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на Љубе Бошкоски.

    На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

    Неговиот случај беше нотиран од американскиот Стејт департмент во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

    Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари