ГЕРМАНИЈА ПОРАЧУВА ИВАНОВ ВЕДНАШ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА

    ГЕРМАНИЈА ПОРАЧУВА ИВАНОВ ВЕДНАШ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ ЗА ВЛАДАГерманскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел (архивска фотографија)

    Германија смета дека претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за влада и да се стави крај на блокадата во Македонија, изјави министерот за надворешни работи Зигмар Габриел. Тој вчера разговарал со неговиот шпански колега и за тоа дека им е заедничка грижата за развојот на Западен Балкан, пред сѐ, на Македонија.

    „Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот Претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да ѝ стават крај на блокадата. Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот“, изјави германскиот министрер Габриел.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира