ГРУЕВСКИ ИЗБИРА НАСЛЕДНИК ВО ВМРО-ДПМНЕ– ТРОЈЦА НИКОЛИ ПРОТИВ АНТОНИО

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ИЗБИРА НАСЛЕДНИК ВО ВМРО-ДПМНЕ– ТРОЈЦА НИКОЛИ ПРОТИВ АНТОНИО

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со неодамнешното назначување на министрите за надворешни работи Никола Попоски и за здравство Никола Тодоров, ги промовираше двата можни негови наследника кои треба да го преземат кормилото на партијата, по неговото повлекување, тврдат извори во владејачката партија за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Тоа што со нивното назначување премиерот Емил Димитриев има рекордни пет вицепремиери, во ВМРО-ДПМНЕ го сфаќаат како официјален почеток на кампања за помасовно присуство на Попоски и на Тодоров меѓу членството на партијата и меѓу граѓаните.

    “Кој ќе помине подобро кај народот, кај членството, тој ќе биде предложен за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и неговите луѓе од Извршниот комитет најголема поддршка му даваат на Никола Попоски, кој се перцепира како неизвалкан фунционер и личност која не е скарана и се уште добро комуницира со меѓународната заедница и со стратешките партнери на Република Македонија.

    nuland-popovski

    Никола Попоски вчера се сретна со Викторија Нуланд. Тој се перцепира како неизвалкан фунционер и личност која не е скарана и се уште добро комуницира со меѓународната заедница и со стратешките партнери на Република Македонија (Фото: МЕТА)

    Попоски беше и единствениот претставник на власта со кого вчера се сретна помошничката државен секретар Викторија Нуланд. Таа беше дојдена да се види со партиските лидери – потписници на Договорот од Пржино и во нејзината агенда немаше термин за губење време со протоколарни средби ниту со претседателот на државата Ѓорге Иванов, ниту со премиерот Емил Димитриев.

    Груевски има доверба и во Никола Тодоров. Ако не успее Попоски доволно да се зближи со членството и да го убеди дека ќе може повторно да ја консолидира партијата, Груевски и Извршниот комитет ќе се обидат тоа да го сторат преку другиот, односно третиот Никола, министерот за здравство. „Тоа се единствените доверливи луѓе на Груевски преку кои тој може да продолжи да ја води и контролира партијата“, објаснуваат извори блиски до највисоките органи на ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат во јавноста.

    Сметките на Груевски и неговите најблиски соработници меѓутоа им ги мати трета личност, а тоа е Антонио Милошоски чија популарност расте кај членството на партијата, а наводно веќе го придобил и поголемиот дел од членовите на Централниот комитет, тврдат извори во партијата.

    milososki

    Предноста на Милошоски е што повеќето блиски луѓе на Груевски се осомничени или под истрага за тежок криминал, но хендикеп може да биде тоа што членството го потсетува на старото ВМРО-ДПМНЕ

    Негов хендикеп е дека тој нема поддршка за иден лидер од ниту еден член од сегашниот состав на Извршниот комитет на партијата, кои до еден се блиски и доверливи луѓе на Груевски. Но, предност му е тоа што половината од членовите на Извршниот комитет се осомничени, или веќе се води истрага против нив за тежок криминал.

    Наводно, во Извршниот комитет имало нервоза дека Милошоски бил нон-стоп на терен меѓу членството, на своја рака и без рекламирање во јавноста. Затоа сега и Груевски ги активира своите луѓе како нови вицепремиери, за што повеќе да бидат присутни меѓу членството, меѓу делегатите на конгресот и да станат блиски со членовите на Централниот комитет.

    „Антонио, ги потсетува на старото ВМРО-ДПМНЕ“, велат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК. Наводно Груевски нема доверба во него оти стравува дека Милошоски ќе му го направи истото што тој му го направи на Љубчо Георгиевски. Се плаши дека откако ќе биде избран за лидер, прво што ќе направи, ќе направи чистка во партијата, почнувајќи од Груевски, па до последниот негов соработник со кои владееше овие 10 години и предизвика тешка политичка криза во државата.

    На Груевски му треба човек кој ќе застане зад него кога ќе дојдат на ред судските процеси и новите истраги против него за големите пари, кои уште не се отворени. На Груевски и гарнитурата им треба марионета за да вади народ на улица и да не дозволи на Специјалното обвинителство, на Еуропол или на судовите да ги реализираат истрагите и судските постапки против нив“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари