ГРУЕВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ НА УМЕТНИЧКО ПЛАТНО НОСЕА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ НА УМЕТНИЧКО ПЛАТНО НОСЕА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ВО СКОПЈЕ

    Демонстрантите на Шарената револуција вечерва во Скопје носеа уметничка слика а пред Владата напишаа „Миле на гатачката и текна“.

    Додека траеше протестот низ центарот на Скопје, Груевски во друштво на министерот за надворешни работи Никола Поповски беше на прием на италијанската амбасада на платото пред МОБ. На истиот прием беше и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    На божем уметничката слика што ја носеа антивладините демонстранти е прикажан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки. Демонстратите на овој начин сакаа да ги исмејат нарачаните уметнички слики со Груевски и сопартијците, што наводно треба да бидат поставени во седиштето на партијата.

     

    За време на протестот на асфалтот пред Владата беше напишано „Миле на гатачката и текна“ како инспирација од две аудио снимки што попладнево се појавија на Јутјуб, на која се слуша глас на астролошка која наводно го советува Груевски во времето додека беше премиер.

    Пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите го испишаа транспарентот „Нашата уметност е бесплатна“. Потоа се упатија кон Владата, па кон Собранието.

    И вечерва со чаталот беа боени фасадите на белиот дворец во којшто е сместена Владата зградата на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари