ХАН ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ПАРЛАМЕТАРНОТО МНОЗИНСТВО

    ХАН ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ПАРЛАМЕТАРНОТО МНОЗИНСТВО“Го осудувам нападите врз членовите на Парламентот во Скопје со најсилни зборови. Насилството НЕМА место во Парламентот. Демократијата мора да продолжи по својот тек”, напиша Хан на Твитер

    Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва го осуди насилството врз пратениците од парламентарното мнозинство во Собранието, со пост на Твитер.

    “Го осудувам нападите врз членовите на Парламентот во Скопје со најсилни зборови. Насилството НЕМА место во Парламентот. Демократијата мора да продолжи по својот тек”, напиша Хан.

    И амбасадорите во Македонија ја повикаа полицијата да го спречи насилството во Собранието.

    „Ова е време за дијалог и ќе потсетам дека е одговорност на полицијата да спречи да се случи вакво насилство, сите страни да се воздржат од потпалувачка реторика“, изјави вечерва амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон, во име на амбасадорите собранина приемот на Холандската амбасада по повд роденденот на холандскито крал во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје..

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира