ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ МОРА ДА ГИ ИМААТ СИТЕ ПРАВА КАКО ХЕТЕРОСЕКСУАЛЦИТЕ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА ДУИ МАНОЈЛОВСКИ

    ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ МОРА ДА ГИ ИМААТ СИТЕ ПРАВА КАКО ХЕТЕРОСЕКСУАЛЦИТЕ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА ДУИ МАНОЈЛОВСКИБранко Манојловски зборуваше на англиски јазик на денешната прес-конференција во Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски кажа дека останува на изјавата дека и хомосексуалците треба да ги имаат истите права како хетеросексуалците на денешната прес-конференција во Собранието.
    „Тие се прекрасни, работливи луѓе и мора да ги уживаат истите права и обврски што ги имаат другите луѓе со поинакви сексуални склоности. Ова е мој личен став, зад ова мислење не стојат ниту ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или друга политичка партија и им се извинувам на сите кои се чусвтгвуваат повредени од мојата изјава. Иако е рано во Македонија да се зборува за ова прашање, тој процес доаѓа. Кога-тогаш, дали по една или две генерации, овој процес ќе дојде и во Македонија“, рече на Манојловски.

    Како пример тој го посочи научникот Галилео Галилеј кој бил под притисок на Папата да се откаже од тврдењето дека Земјата се врти околу Сонцето, тој на Папата му одговорил дека колку и зборува дека не се врти, таа сепак се врти.

    Манојловски кажа дека нема никакви разлики меѓу хомосексуалците и хетеросексуалците и додаде дека таквото искуство го влече од неговата работа и живеење во Америка.
    „Во мојот ресторан работеа прекрасни луѓе, беа чисти и вредни работници. Мене ми требаше квалитет, ниту ги прашав, ниту знаев каква националност се, со какви ставови се и каква им е сексуалната склоност“, вели Манојловски.
    На прашањето зошто зборува на англиски јазик на прес-конференција, Манојловски рече дека сака да го слушне меѓународната заедница за да можат да разберат дека и во Македонија се зборува за овие прашања.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира