ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ ИЗЛЕГОА ВО СТРУМИЦА ДА ПОЗДРАВАТ КОПИЈА ОД ИКОНА

a:1:{s:13:"td_source_url";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ ИЗЛЕГОА ВО СТРУМИЦА ДА ПОЗДРАВАТ КОПИЈА ОД ИКОНА

    Илјадници верници ја пречекаа копијата од иконаta на Пресвета Богородица – брзопослушничка која од манастирот Дохијар од Света Гора беше донесена во Струмица. Верниците фрлаа цвеќе, ја допираа и се молеа на плоштадот Гоце Делчев каде литија одржаа митрополитите струмички и дебарско кичевски Наум и Тимотеј.

    Иконата висока метар и осумдесет сантиметри ја донесоа група струмичани кои со години инсистирале да добијат копија од монаштвото на Света гора.

    Иконата пред која се молеа верници од сите градови во Македонија, но имаше и гости од Бугарија, беше прошетана по струмичките улици и однесена во Црквата Св. 15 тивериополски свештеномаченици во Струмица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира