ИСЕЛЕНИЧКАТА ЛОТАРИЈА ЗА САД СЕ ОТВАРА ДЕНЕСКА ВО ШЕСТ ПОПЛАДНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:12:"Скопје

    ИСЕЛЕНИЧКАТА ЛОТАРИЈА ЗА САД СЕ ОТВАРА ДЕНЕСКА ВО ШЕСТ ПОПЛАДНЕ

    Лотаријата за зелена карта за 2018 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД започнува денеска (вторник) во 18 часот, а завршува на 7 ноември 2016 година, исто така во 18 часот, соопшти Амбасадата на САД во Македонија.

    Кандидатите можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.

    Амбасадата соопштува дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса.

    На учесниците во лотаријата им се сугерира да ја чуваат потврдата најмалку до 30 септември 2018 година бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 2 мај 2017 година.

    „Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама“, предупредува Американската амбасада во Скопје.

    Учесниците во лотаријата за зелена карта мора да се пријават со нова фотографија и смеат да се пријават само еднаш.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира