ИСТИТЕ СУДИИ ШТО ДАВАА ПРИТВОРИ БЕЗ ДОКАЗИ, СЕГА ГИ ШТИТАТ ОБВИНЕТИТЕ, ВЕЛАТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗЕЛЕНА ЛУПА“

    ИСТИТЕ СУДИИ ШТО ДАВАА ПРИТВОРИ БЕЗ ДОКАЗИ, СЕГА ГИ ШТИТАТ ОБВИНЕТИТЕ, ВЕЛАТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗЕЛЕНА ЛУПА“Здружението „Зелена лупа“ ќе поднесе иницијатива за одговорност на судија до Советот за утврдување на факти, но и до Судски совет на РМ, за сите членови на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. - Валентин Зафиров на прес-конференцијата пред СЈО

    Здружението „Зелена лупа“обвини дека во случајот „Тврдина“, како и останатите случаи на СЈО, истите судии кои што даваа притвори без никакви докази, сега влегоа во целосна заштита на обвинетите. На прес-конференција пред СЈО зборуваа Васко Тодоровски и Валентин Зафиров од Здружението, според кои „основната грешка е во постапувањето на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје, кој што место да го прифати основаниот и со мноштво докази поткрепен предлогот на Специјалното Јавно обвинителство и да определи мерка притвор према обвинетите, истиот предлогот за притвор го одби и, колку заради обична маска, изрече мерки на претпазливост, кои во конкретните случаи се ирелевантни“.

    Поради тоа, тие велат дека здружението „Зелена лупа“ ќе поднесе иницијатива за одговорност на судија до Советот за утврдување на факти, но и до Судски совет на РМ, за сите членови на кривичниот совет.
    „Сметаме дека ваквото постапување на Основниот суд Скопје 1 Скопје, на Апелациониот суд Скопје и на Врховниот суд, се во директна врска со она што следуваше, а тоа е бегството на обвинетите“, велат од здружението земајки ги во предвид бегствата наГоран Грујовски и Никола Бошковски, обвинети во случајот „Тврдина“.

    „Заради новонастанатите околности, го охрабруваме СЈО, да побара повторно притвор за сите обвинети за кои досега побара мерка притвор а истата беше одбиена од судот, да инсистира на притвор за сите обвинети за кои постојата докази за криминал“, додаваат од „Зелена лупа“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира