ИВАНОВ ОДИ ВО ВАРШАВА ДА ПРОМОВИРА КНИГА, ОСТАНУВА ТАЛАТ ДА ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА

    ИВАНОВ ОДИ ВО ВАРШАВА ДА ПРОМОВИРА КНИГА, ОСТАНУВА ТАЛАТ ДА ЈА ВОДИ ДРЖАВАТАПретседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов се единствени двајца легитимни функционери во земјата, откако и на градоначалниците им истече мандатот.

    Претседателот Ѓорге Иванов в петок ќе оди во Полска да ја промовира неговата книга „Пораките на Свети Климент Охридски“ на Саемот на книга во Варшава, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.  Спикерот Талат Џафери и претседателот Ѓорге Иванов се единствени двајца легитимни функционери во земјата. Владата и премиерот Емил Димитриев се технички за спроведување избори, а нелегитимни се и градоначалниците, бидејќи им е истечен мандатот. Во отсуство на Иванов, според Уставот, претседател на државата, кој е и врховен командант на АРМ, го заменува претседателот на Собранието.

    Народната универзитетска библиотека, која го организира македонскиот штанд на Саем на книга во Варшавa, потврди дека таму ќе се промовира книгата на Иванов.

    „На македонскиот штанд на саемот ќе бидат поделени и флаери за НУБ „Св. Климент Охридски“ на англиски и на македонски јазик, а исто така ќе биде презентирана и книгата „Пораките на Свети Климент Охридски“ од Претседателот Ѓорге Иванов, што НУБ „Св. Климент Охридски“ ја објави двојазично на македонски и на англиски јазик, во соработка со Кабинетот на Претседателот, по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски“, соопшти НУБ.

    Официјална потврда за патувањето, кое се поклопува со истекот на уставниот рок да го додели мандатот за состав на влада, нема од Кабинетот на Иванов, бидејќи службите со месеци не дигаат телефон. Претседателот Иванов по втор пат има уставен рок, овојпат до 19 мај да му го даде мандатот на Заев, но сега и да не го даде, од парламентарното мнозинство најавија дека ќе формираат влада и без негова согласност.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира