ИВАНОВ: ПИШЕТЕ МИ БАРАЊЕ ДА ЈА ПОНИШТАМ ОДЛУКАТА ЗА АБОЛИЦИЈА

Ги повикувам претставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своите постапки зошто можат да бидат погрешно разбрани“, рече Иванов.

    ИВАНОВ: ПИШЕТЕ МИ БАРАЊЕ ДА ЈА ПОНИШТАМ ОДЛУКАТА ЗА АБОЛИЦИЈА

    Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов останува на одлуката за аболиција на политичарите и нивните соработници кои се осомничени за кривични дела поврзани со прислушуваните разговори.

    Во обраќањето до нацијата тој ги повика тие што се чувствуваат навредени да му напишат писмо во кое ќе побараат да се поништи одлуката за нив.

    Рече дека очекува изборите на 5 јуни да бидат вовед во ново поглавје во историјата на Македонија.

    „Ги повикувам претставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своите постапки зошто можат да бидат погрешно разбрани“, рече Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари