ИВАНОВ ЗАМИНУВА ЗА ЈОРДАН, ПОЛСКА, РУСИЈА И ИТАЛИЈА

    ИВАНОВ ЗАМИНУВА ЗА ЈОРДАН, ПОЛСКА, РУСИЈА И ИТАЛИЈАРутата на еднонеделната евроазиска турнеја на претседателот Ѓорге Иванов (Фото: Гугл мапи/СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов по доделување на мандатот веднаш заминува на еднонеделна тура во странство, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Неофицијално, Иванов го додели мандатот за состав на лидерот на СДСМ Зоран Заев два дена пред истекот на уставниот рок оти имал однапред испланирани патувања.

    Иванов утре заминува за Јордан, но не е позната причината за неговото одење во блискоисточното кралство. Oд таму ќе замине за Полска да ја промовира неговата книга „Пораките на Свети Климент Охридски“ на Саемот на книга во Варшава во организација на Народната универзитетска библиотека. Потоа Иванов оди за Москва за да прими награда од рускиот патријарх Кирил. На крај тој ќе оди во Рим на одбележување на Денот на Свети Кирил и Методиј, бидејќи годинава нему му е редот, откако лани беше поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

    Официјална потврда за патувањата нема од Кабинетот на Иванов, бидејќи службите со месеци не дигаат телефон. Иванов денеска напладне рече дека пречките се отстранети и му го врачи мандатот за состав на влада на Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира