ИЗБРАНИ 4 ЧЛЕНОВИ НА МЕДИУМСКОТО АД ХОК ТЕЛО, ТРЕБА ДА ПРЕДЛОЖАТ ЧЛЕН АЛБАНЕЦ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБРАНИ 4 ЧЛЕНОВИ НА МЕДИУМСКОТО АД ХОК ТЕЛО, ТРЕБА ДА ПРЕДЛОЖАТ ЧЛЕН АЛБАНЕЦ

    Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата членови на Привременото ад хок тело за следење на медиумите пред предвремените парламентарни избори кои ги предложија партиите, а ги именуваше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соопшти Агенцијата.
    Димишкова, претседателка на новинарската асоцијација МАН и помошник главен уредник во „Вест“, и Чилиманов, новинар на државната агенција МИА, се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски, уредник на политичката рубрика во „Вест“,  и Костовски, уредник на онлајн изданието „Глобус”, на СДСМ.
    Според Изборниот законик, петтиот член, кој не е по партиски предлог, а треба да биде Албанец, четворицата партиски претставници треба да го договорат, по што директорот на Агенцијата за медиуми ќе го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување, односно најдоцна до 23 август.
    Најголемата казна за медиумите во периодот пред изборите ќе изнесува 4.000 евра.
    ЗНМ веднаш излезе со став дека нема да учествува во ова ад хок тело.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари