ЈАНЕВА СЕ СРЕТНА СО РИБАРЕВ ЗА ОПСТРУКЦИИТЕ НА КРИВИЧНИОТ СУД

    ЈАНЕВА СЕ СРЕТНА СО РИБАРЕВ ЗА ОПСТРУКЦИИТЕ НА КРИВИЧНИОТ СУД

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се сретнала со в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев, соопшти Судот. На средбата се разговарало за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции.

    Јанева во повеќе наврати се пожали на соработката на Кривичниот суд со Специјалното обвинителство. Таа постојано укажува на масовно неприфаќање на наредбите, предлозите и мерките против осомничените функционери од истрагите што ги води ова Обвинителство, од страна на Основниот суд Скопје 1. Јанева веќе поднесе и претставка пред Советот за утврдување факти за разрешување на судии против судијката Лидија Петровска која го води судењето против ексначалникот на УБК Горан Грујовски, за одлговлекување на постапката.

    Досега бараше изземање и на судијките од претходна постапка Александра Поп Стефанија и против Елена Јосифовиќ, поради роднинско-партиска и бизнис – поврзаност со осомничени или сведоци во постапките, но Основниот суд Скопје ги одби тие барања на СЈО.

    СЈО бараше изземање и на сваровски судијката Петровска поради нејзина поврзаност со бомбите, но и таа иницијатива беше одбиена.

    Денеска во Кривичниот суд на друг состанок со судиите, Рибарев ги слушнал нивните предлозите во врска со изготвувањето на Годишниот распоред за работа на судот, што треба да го направи Рибарев, откако Врховниот суд не го прифати оној на неговата претходничка Татјана Михајлова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира