Лидерот на СДСМ Зоран Заев по тет-а-тет средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица изјави дека е оптимист оти двете партии ќе можат да најдат заедничко решение во рамките на Уставот за употребата на албанскиот јазик.
„Се надевам дека овој преговарачки процес ќе заврши набрзо. Јас сум оптимист“, рече Заев.
„Некои работи ги расчистивме со господинот Ахмети. Се надевам дека и нашите стручни тимови ќе го доловат духот во кој ние разговаравме за да можат да изнајдат решенија во рамките на Уставот, да најдеме решение што ќе има практична примена и ќе го олесни животот на граѓаните од албанска националност“, изјави лидерот на СДСМ откако излезе од седиштето на ДУИ во Мала Речица.