ЈАВНИОТ ДОЛГ ПРВПАТ НАДМИНА 50 ОТСТО ОД БДП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАВНИОТ ДОЛГ ПРВПАТ НАДМИНА 50 ОТСТО ОД БДП

    Јавниот долг за третиот квартал од 2016  е и 50,6 проценти, а државниот долг е 41,9 отсто од домашниот бруто-производ (БДП) објави денеска Министерството за финансии. Ова е првпат јавниот долг да надмине 50 отсто од БДП.

    Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и на јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето на еврообврзницата во јули 2016, која е наменета за покривање на буџетскиот дефицит во 2016 и во 2017.

    „Со еврообврзницата ќе се покријат повеќе обврски кои доспеваат во текот на оваа и на наредната година, како отплата на 130 милиони евра која ќе се изврши во ноември врз основа на доспеан кредит“, велат од Министерство за финансии.

    Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов изјави дека министерот за финансии, Кирил Миноски и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра и дека за само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра.

    „Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за 2 милиони евра. Владината политика на континуирано задолжување ги втурна сегашните и идните генерации во должничко ропство“, соопшти Наумов.

    Според економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, значењето на фактот дека јавниот долг е над 50 отсто од БДП е повеќе симболично отколку реално, туку проблем има со неговиот раст.

    „Реално, нема разлика дали е 49% или 51%, ама симболично има, оти 50% е некаква ментална бариера. Проблемот со долгот не е толку неговото ниво, туку неговиот раст. Од 2008 наваму зголемен е трикратно, т.е. 3.2 милијарди евра (бил 1.5 милијарди, сега е 4.7 милијарди). Друг проблем, најголем според мене, е што тие пари се потрошија на глупости. Или се украдоа преку разни тендери, или се фрлија на пензии, или на Скопје 2014, или на партиски вработувања. Да се инвестираа во реална економија, немаше да биде проблем. Конечно, на сервисирање на долгот се фрлаат огромни пари. На камати за долгот оваа година ќе се потрошат 110 милиони евра. Со тие пари може многу да се направи“, вели Јовановиќ.

    Според Наумов, иако црвениот аларм е одамна вклучен и веќе требаше да почне долго најавуваната фискална консолидација, министерот Миноски за утре распиша ново задолжување на домашниот пазар на износ од 61,5 милиони евра.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира