ЌЕ СЕ ПОТРУДИМЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД 10 ДЕНА ДА ГО СОСТАВИМЕ ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ, КАЖА МАНДАТАРОТ ЗАЕВ

    ЌЕ СЕ ПОТРУДИМЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД 10 ДЕНА ДА ГО СОСТАВИМЕ ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ, КАЖА МАНДАТАРОТ ЗАЕВЛидерот на СДСМ Зоран Заев денеска го доби мандатот за состав на влада од претседателот Ѓорге Иванов. (архивска фотографија)

    Мандатарот Зоран Заев најави дека со партиите од парламентарното мнозинство ќе се потрудат да го состават владиниот кабинет за помалку од 10 дена и да го достават предлогот до Собранието.

    „Нема да го чекаме рокот од 20 дена, уште веднаш ќе почнеме преговори со партиите што ги доставија 67-те потписи за мандатот и ќе се потрудиме за помалку од 10 дена да го составиме владиниот кабинет и да го доставиме предлогот до Собранието“, изјави пред малку лидерот на СДСМ Заев, веднаш по добивање на мандатот за состав на влада од претседателот Ѓорге Иванов.

    Тој уште еднаш кажа дека новата влада ќе се обиде што побрзо да го укине екстерното тестирање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира