ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ, ПО ДЕНЕШНИОТ НЕМА ДА ИМА ПОВТОРУВАЊА, ВЕЛАТ ОД ИЗИИС

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ, ПО ДЕНЕШНИОТ НЕМА ДА ИМА ПОВТОРУВАЊА, ВЕЛАТ ОД ИЗИИС

    И денешниот земјотрес од 3,1 степени е последица на земјотресот од 5,3 степени според Рихтеровата скала од почетокот на минатиот месец. Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) вели дека веројатноста за нови земјотреси е минимална.

    „Ова беше последен земјотрес во серијата земјотреси во Скопје од почетокот на минатиот месец. Според досегашното искуство со афтершокови, не се очекуваат повторувања. Ќе заборавиме на земјотресите“, вели Гаревски за САКАМДАКАЖАМ.МК, нагласувајќи дека земјотресите не може да се предвидат, но јачината и видот на денешниот земјотресот укажуваат дека се работи за афтершок.

    По силниот земјотрес од 11 септември со јачина од 5,3 степени, имаше повеќе од десет афтершокови, од кои најсилен беше оној од 12 септември со јачина од 4 степени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира