КОЈ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ СПИСОЦИ ФАЛИЧНИ, ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАЛСИФИКУВАНИ, ПРАШУВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КОЈ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ СПИСОЦИ ФАЛИЧНИ, ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАЛСИФИКУВАНИ, ПРАШУВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Од почетокот на кампањата и на денот на изборите кај Омбудсманот имало рекордни 145 јавувања од граѓани за притисоци, за неостварување на правото на гласање и за фантоми. - Народниот правобранител Иџет Мемети (Фото: Ѓ. Личовски)

Нешто сомнително се случува од денот на заклучувањето на Избирачкиот список до денот на гласањето, се сомнева Народниот правобранител на РМ Иџет Мемети. Во неделата, на денот на гласањето, и вчера, граѓани поднеле претставки кај него поради ускратување на правото да гласаат.

Сите што поднеле претставки, вели Мемети, ги има на електронската апликација на Избирачкиот список на веб-страната на Државната изборна комисија, кој е заклучен, но кога отишле да гласаат во неделата, на испечатениот список на гласачи на местата кај што гласале, или биле во списокот на гласачи со ѕвездичка (кај дијаспората), или воопшто ги немало.

Мемети вели дека и самиот кога гласал се уверил во тоа дека секој втор или секој трет гласач од редицата во која бил и тој на неговото избирачко место, биле враќани од избрачките одбори со образложение: „Ве нема овде во списоков. Немате право на глас“.

„Кој ги печати тие списоци на гласачи што не кореспондираат со оној заклучениот на ДИК? Ова е индикација дека има нешто спорно овде. Што значи ова, секој може овие списоци при печатење да ги менува?“, прашува Мемети.

Одговорот од ДИК за тоа што ги немало дел од граѓаните на списоците на гласачи, а кои не ја напуштиле Македонија и кои си гласале на претходните изборни циклуси, бил дека Комисијата не е надлежна за тој проблем.

Од почетокот на кампањата и на денот на изборите кај Омбудсманот имало рекордни 145 јавувања од граѓани за притисоци за присилно појавување на митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за заплашување при гласање, за неостварување на правото на гласање, а има и пријави за фантоми на адреси на граѓани. Овие последниве се обратиле до Омбудсманот, откако во ДИК им рекле дека не се надлежни тие за случајот, туку МВР.

МВР, како што пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК, ги поништило личните карти на овие случаи, но решенијата останале неправосилни, а личните карти на фантомите, важечки.
Во старечкиот дом во Прилеп, вели Мемети, 70 стари и изнемоштени лица на кои не им е одземена деловната способност, не гласале на овие избори. Директорот на институцијата им рекол дека нема услови.

Народниот правобранител утврдил незаконитост и во затворите. Во Идризово, повеќе од третина од осудените лица ги немало на списоците за гласање, бидејќи немале важечки лични карти. Затворската управа му рекла на Мемети нека изразат желба, ќе ги сликаме за лична карта, место тие да ги известат затворениците дека им се истечени личните документи. Во женскиот дел, вели тој, иако имале важечки лични карти, дел од осуденичките ги немаше на гласачкиот список.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Please follow and like us:
0

COMMENTS

meta charset="utf-8"
;