И КОРИСНИЦИТЕ НА ВИП МОЖАТ ДА КУПАТ БИЛЕТ ЗА ЈСП СО ТЕЛЕФОН

    И КОРИСНИЦИТЕ НА ВИП МОЖАТ ДА КУПАТ БИЛЕТ ЗА ЈСП СО ТЕЛЕФОНЗа да се купи билет, потребно е претходно корисникот да активира бесплатна услуга со испраќање порака „START“ НА бројот 141114.

    Постпејд корисниците на Вип отсега ќе можат да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје со својот мобилен телефон на едноставен начин.

    За да може да се купи билет, потребно е претходно корисникот да ја активира услугата. За активацијата која е бесплатна, корисникот треба да испрати смс со текст „START” на бројот 141114. Како потврда за успешна активација на услугата корисникот добива смс.

    Потоа, при влегување во автобусот, корисникот треба да го избере бројот 185 и да го приближи телефонот до апаратот (валидаторот). Апаратот го регистрира корисникот и при успешно купување корисникот добива звучна и светлосна сигнализација од валидаторот. Корисникот потоа добива смс како потврда за успешно купување на билетот. Корисникот потребно е да го зачува смс-от до крајот на возењето.

    Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување билети од мобилниот телефон е 1.800 денари.

    Коментари