КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 26 БИТОЛЧАНИ ЗА ФРЛАЊЕ БОЈА ВРЗ ОПШТИНАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 26 БИТОЛЧАНИ ЗА ФРЛАЊЕ БОЈА ВРЗ ОПШТИНАТА

    Битолската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26 учесници во демонстрациите на Шарената револуција поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, Сите пријавени лица се од Битола, соопшти денеска СВР Битола.

    Во полицискиот билтен стои дека пријавените во периодот од 17 април до 27.април во четири наврати сториле кривично дело  „Оштетување туѓи предмети“ врз објект- зграда на Општина Битола, која со решение од  1977 година се води како споменик на културата. „Пријавените одделно и во различни периоди делата ги извршувале на начин што со фрлање на тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата од зградата“, стои во полициското известување.

    СВР Битола соопшти дека на информативен разговор биле повикани 16 учесници на протестите, а деветмина граѓани не биле обезбедени за службен разговор.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари