КРИВИЧНИОТ СУД ЕКСПРЕСНО ГО ВРАТИ ПРЕДМЕТОТ ЗА КОЧАН НА ПОЧЕТОК, ОТКАКО ВРХОВЕН СУД ГО УКИНА ПРИТВОРОТ

    КРИВИЧНИОТ СУД ЕКСПРЕСНО ГО ВРАТИ ПРЕДМЕТОТ ЗА КОЧАН НА ПОЧЕТОК, ОТКАКО ВРХОВЕН СУД ГО УКИНА ПРИТВОРОТСеад Кочан, избеганиот бизнисмен што полицијата до петокот го бараше со потерница затоа што е осомничен во еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје - Управителот на компанијата „Трансмет“ на 1 март беше на распит во Кривичниот суд за случајот „Труст“ на СЈО. (Фото: СДК.МК)

    Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 експресно ја спроведе пресудата на Врховниот суд и уште денеска донел одлука во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој Врховниот суд го укина и го врати предметот на повторно одлучување.

    Од судот објаснуваат дека морало да биде волку брзо оти Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да донесе одлука по одлуката на Врховниот суд. Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев вчера кажа дека не го видел решението од Врховниот суд, бидејќи доцна во петокот, кога тој веќе бил излезен од работа, тоа решение стигнало во архивата на судот.

    Како што соопштија  од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет на првостепениот суд не донел конкретна одлука дали на Кочан треба да му биде одредена мерка притвор или ќе се брани од слобода, туку предметот го вратил кај судија на претходна постапка на повторно одлучување.

    Членови на Кривичниот совет се судијката Моника Бахчовановска – претседател на советот и судиите Љубинка Башеска и Весна Костов – Спасеска – членови на советот. Тие го вратија предметот на судијата на претходна постапка на повторно постапување и одлучување„ поради суштествена повреда на одредбите од член 415, став 1 точка 11 од Законот за кривична постапка“, стои во соопштението на судот.

    Суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои ако пресудата е нејасна и противречна на самата себе или во неа не се наведени причините за решавачките факти или докази изведени на главната расправа.

    Врховниот суд во петокот постапувајќи по барање за заштита на законитоста, доставено од Јавното обвинителство, реши да ги укине одлуките на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје, со кои на Кочан му беше одреден притвор и по него беше распишана потерница и го врати предметот на повторно одлучување во Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

    Сеад Кочан, избеганиот бизнисмен што полицијата до петокот го бараше со потерница затоа што е осомничен во еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство,  ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Неофицијално, задржан е на болничко лекување на клиниката за кардиологија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира