“ЌУТИ ШАРКА, ЌУУУТ!“, Ѝ ДОФРЛАШЕ ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ НА СОФИЈА КУНОВСКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПОПЛАВИТЕ ВО СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    “ЌУТИ ШАРКА, ЌУУУТ!“, Ѝ ДОФРЛАШЕ ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ НА СОФИЈА КУНОВСКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПОПЛАВИТЕ ВО СОБРАНИЕ

    Со кавга, недолични коментари, навреди и вулгарен речник, кои на моменти предизвикаа жестоки реакции кај некои пратеници, беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора. Членовите на комисијата се пазареа околу минутажата за зборување. Беа повикани 33 сведока, меѓу кои и вицепремиерот Никола Тодоров, тогашниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на Гази Баба Тони Трајковски и други, за кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа поголема минутажа при одговарање на прашањата што ќе им бидат поставувани.

    Со кавга денес беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора

    Со кавга денес беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора

    По првата од неколкуте паузи, Тодоров веќе не се врати, па на прашањата “Кај е Тодоров?“, “Ќе го викнете ли Тодоров?“ на пратеничката на СДСМ Софија Куновска, од место во таа тензична атмосфера колешката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ ѝ дофрлаше: “Ќути, Шарка!“, “Шареее, ќууут!“.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески со викање и од место ги обвинуваше членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ дека сакаат да избегаат од надзорна раправа за последиците од поплавите, зашто нивните функционери се одговорни за тоа, но дека нема да можат да побегнат. На тоа, пратениците од владејачкото мнозинство исто со викање го обвинија Сугаревски дека е агресивен и оти треба да се прибере.

    Во меѓувреме, други пратеници од СДСМ цело време дофрлуваа: “СЈО“.

    “Ќе дојде на ред и СЈО, ќе видите тогаш што ќе ве снајде“, враќаа со закани пратениците од владејачкото мнозинство.

    Некои пратеници по пет-шест пати повторуваа исти реченици за времетраењето на дискусиите, за да помине времето и да си заминат новинарите, и без јавност да почне испрашувањето на сведоците. Седниците на комисиите, освен пленарната седница на Собранието, не се пренесуваат во живо на собранискиот трет канал.

    По неодамнешната собраниска седница посветена на поплавите, на која беа утврдени задачи за надлежните органи како да ги санираат огромните штети од поплавите и што побргу да им помогнат на настраданите од поплавените села, денеска комисијата требаше вкрстено да испраша 33 сведока и да се дознае, како што рече претседателот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, „вистината за катастрофалните последици од поплавата која одзеде 22 живота“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира