ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ДОБИ ПРЕТСЕДАТЕЛКА, КАЛИНА СТАРДЕЛОВА ГО НАСЛЕДИ КОЧО ЧАКАЛАРОВСКИ

    ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ДОБИ ПРЕТСЕДАТЕЛКА, КАЛИНА СТАРДЕЛОВА ГО НАСЛЕДИ КОЧО ЧАКАЛАРОВСКИНовата претседателка на Лекарската комора Калина Старделова беше дел од штрајкувачкиот одбор на штрајкот на лекарите од клиничките центри пред пет години, кој траеше повеќе од два месеци.

    Нов претседател на Лекарската комора е Калина Старделова од Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија. На денешното изборно собрание на Комората, од 66 присутни делегати, за Старделова гласале 40, a 24 гласале за нејзината противкандидатка Ленче Нелоска, директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје и досегашен потпретседател на Лекарската комора, а два гласа биле неважечки.

    Старделова, рече дека изборите минале мирно и достоинствено, како што доликува на лекарската фела.
    „Ова е голема чест за мене, но и голема одговорност“, рече Старделова веднаш по завршување на изборите.
    Таа најави дека в четврток во просториите на Лекарската комора ќе се сретне со досегашните претседатели на комората, односно со Алексеј Дума, кој е еден од основачите на комората, потоа со кардиологот Владимир Борозанов, и со Кочо Чакаларовски, кој досега беше претседател.
    „Ќе ги поканам да испиеме едно кафе во комората. Тоа за мене ќе биде голема чест и ако имаат некој совет да дадат, би бил добредојден“, рече Старделова.

    Таа беше дел од штрајкувачкиот одбор на штрајкот на лекарите од клиничките центри пред пет години, кој траеше повеќе од два месеци.
    Изборите за ново раководство на Комората требаше да се одржат уште лани во април, кога му истече и мандатот на претходното.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира