ЛИЛЕ ПОПОВСКА ДОАЃА НА МЕСТОТО НА РЕНАТА ДЕСКОСКА ВО СОБРАНИЕТО

    ЛИЛЕ ПОПОВСКА ДОАЃА НА МЕСТОТО НА РЕНАТА ДЕСКОСКА ВО СОБРАНИЕТОЛилјана Поповска од ДОМ беше 11-та на пратеничката листа на СДСМ И коалицијата. - Лилјана Поповска (Фото: Фејсбук/ДОМ)

    Лилјана Поповска од ДОМ, Никица Корубин од ЛДП, Славица Шуманска Митева, Сашко Атанасов, Мирослав Јовановиќ и Бети Рабаџиевска Наумовска ќе бидат новите пратеници ако в среда се избере новата влада.

    Поповска и Корубин ќе ги пополнат местата во првата Изборна единица (Скопје) на Рената Треневска Дескоска и Дамјан Манчевски, кои се предложени за министри за образование и за администрација и информатичко општество.

    Во втората Изборна единица (Куманово) на место Оливер Спасовски, кој е номиниран за министер за внатрешни работи во парламентарните клупи ќе влезе Мирослав Јовановиќ, а во ИЕ-3 (Штип) на местото на Љупчо Николовски кој е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во парламент от ќе влезе Славица Шуманска Митева.

    На местото на мандатарот Зоран Заев, во четвртата Изборна единица (Струмица) пратеник ќе стане Сашко Атанасов и во ИЕ-5 (Битола) Бети Рабаџиевска Наумовска ќе го пополни испразнетото пратеничко место на Радмила Шеќеринска Јанковска, која ќе биде министер за одбрана.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за избор на Владата за утре во 11 часот, откако, во име на мандатарот Зоран Заев, Љупчо Николовски вчера 15 минути пред полноќ го достави предлогот заедно со владината програма до собраниската архива.
    Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата на мандатарот и предлогот за состав на Владата трае најмногу два дена и се гласа најдоцна до полноќ, во случајов в среда на полноќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира