ЛОКAЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ ТЕСТ ЗА ДЕМОКРАТСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ВЛАДАТА, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ

    ЛОКAЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ ТЕСТ ЗА ДЕМОКРАТСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ВЛАДАТА, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и претседателот на ДИК Александар Чичаковски на денешната трибина „Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 за изборите“ (Фото: СДК.МК)

    Локалните избори ќе бидат врвен тест и клучен приоритет дали владата ќе ги врати демократските капацитети на институциите за да се одржат фер и демократски локални избори, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на денешната трибина „Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 за изборите“.

    Во планот, како краткорочни мерки се планирани да се изврши доекипирањето на ДИК, усвојување на подзаконски акти согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија, како и продолжувањето на ажурирањето на Избирачкиот список.

    Владата  до одржувањето на локалните избори, најавени за 15 октомври, ќе усвои декларација во врска со изборите со која што нема да дозволи заплашување на администрацијата, со охрабрување да се пријавуваат случаи на заплашување и притисок, и суспендирање на раководители поради злоупотреба на службената положба.  Ако во следниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР се констатира дека неибалансирано известување на Јавниот сервис, тоа ќе биде услов за разрешување на директорот на Македонската радиотелевизија.

    Владата ќе донесе  упаства за забрана за користење на државни ресурси од учесниците и од кандидатите за време на изборниот период (користење службени коли, репрезентација, службен простор и административни капацитети), како и наоѓање на трајно решение за сместување на ДИК.

    „Врвен приоритет се одржувањето на локалните избори. МВР заедно со ДИК работата континуирано за подобрување на избирачкиот список. Какви  се случувања имаше за Избирачкиот список претходните избори. Мора да направиме кредибилен список со кои што изборите ќе бидат кристално фер. Институциите ќе бидат оценувани и од меѓународниот фактор“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Тој вети дека МВР ќе обезбеди изборите на бидат безбедни и да се одржат во фер и демократска атмосфера.

    Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека Комисијата веднаш по завршување на декемвриските парламентарни избори, почнала со подготовките за локалните избори.

    „Ќе правиме едукација на избирачките одбори, ќе се донесат подзаконски акти за тргање на политичкото влијание во ДИК, како и ажурирањето на Избирачкиот список“, рече Чичаковски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира