МАЛ ИНЦИДЕНТ ПРЕД МРТВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАЛ ИНЦИДЕНТ ПРЕД МРТВ

    Пред зградата на МРТВ се случи мал инцидент кога демонстрантите нападнаа еден од полицајците што ги снимаше со камера. Граѓаните викаа „Кодош, кодош!“, не знаејќи дали снимателот е од екипа на МТВ, или полицаец, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Инцидентот се случи додека демонстрантите фрлаа балони со боја врз зградата на Македонското радио. Човекот се правдаше дека не е полицаец, ама не е ни професионален фоторепортер, туку бил таму да си снима приватно. Со него разговараше пратеничката на СДСМ Софија Куновска, која ја смири ситуацијата.

    Демонстрантите од Шарената револуција пред зградата Македонска радио телевизија (МРТВ) побараа на новинарите од јавниот дифузен сервис да им се дозволи да известуваат професионално и непристрасно. Тие скандираа „Слободни медиуми“, додека на звучник ечеа прислушуваните разговори од бомбите во кои се слуша како се местеле кадрите во Македонската телевизија.

    Пред тоа, со повиците „Дојдете со нас“ и со аплауз, демонстрантите ги поздравија полицајците и им го честитаа Денот на полицијата.

    Претставниците на „Достоинство“ повикаа на едноминутен молк за сите загинати бранители на Македонија.

    Мотото на вечерашниот протест беше: Смрт за режимот, слобода за МРТВ.

    Во Скопје околу 18 часот врнеше многу дожд, но како што маршот се движеше од пред седиштето на СЈО низ центарот на Скопје, на демонстрантите им се придружија повеќе граѓани. Патем беа фрлени неколку балони со боја на оградата на мостот Слобода која чинеше над милион евра.

    На чело на колоната возеше кола со звучници од кои се пуштаа италијанската револуционерна песна „Бела чао“, македонската песна „Неправда“ од легендарната група Лева патика и македонската химна.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари