МЕСТО НОВИ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА ВОЗДУХ, ЌЕ СЕ ПОПРАВААТ СТАРИТЕ РАСИПАНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕСТО НОВИ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА ВОЗДУХ, ЌЕ СЕ ПОПРАВААТ СТАРИТЕ РАСИПАНИ

    Министерството за животна средина се откажа од идејата да постави уште две нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во земјава. Место нови, надлежните сега ќе се набавуваат резервни делови за поправка на расипаните мониторинг станици во Мршевци и во Велес.
    „При подготовка на техничката спецификација на проектот за набавка на опрема финансиран од ИПА програмата, во која беа вклучени и странски експерти, одлучивме место две нови мониторинг станици да се набават нови анализатори и целокупен сет на инструменти за постоечките мониторинг станици Велес 1 и Мршевци, кои не работат“, велат од Министерството за животна средина.
    Откако ќе ги поправат овие мерни станици, тие ќе бидат дислоцирани на други места. каде сега не се мери квалитетот на воздухот. Од Министерството за животна средина велат дека се уште не е определено каде ќе ги преселат овие мерни станици.
    „Во тие населени места веќе има по една мониторинг станица која е во функција, а големите индустриски објекти што се во нивна близина не работат. Поради тоа се планира мониторинг станиците што не работат, откако ќе се инсталираат новите делови во нив, да се дислоцираат но други места, каде сега нема мониторинг станици“, велат од Министерство за животна средина.
    Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, кој е во надлежност на Министерството за животна средина има 17 мерни станици, од кои пет се во Скопје, поточно во Центар, Карпош, Лисиче, Ректорат и во Гази Баба. По две мониторинг станици има во Илинден, Битола и Велес, а по една мерна станица за квалитет на воздухот во Кичево, кочани, Куманово, Лазарополе, Кавадарци и Тетово. Неколку години наназад Министерството за животна средина најавува дека ќе го прошири државниот автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот со две нови станици.
    Според надлежните во Министерството за животна средина со постоечкиот број мониторинг станици е задоволен европскиот минимум за контрола на квалитетот на воздухот, а во оние општини каде нема мерни станици, нив може да ги постават и локалните самоуправи.
    Проектот за набавка на резервни делови за расипаните мониторинг станици во велес и Мршевци, како што велат од Министерство за животна средина е во завршна фаза.
    „Дополнително преку овој проект ќе се набави и мобилна мониторинг станица, која ќе се поставува на различни локации во земјава, кои не се опфатени со автоматскиот мониторинг. Преку оваа мобилна станица ќе се мери квалитетот на воздухот најмалку една година, за да се даде релевантна оценка за квалитетот на воздухот на тие локации“, велат од Министерство за животна средина.
    М. И. ПАЧЕМСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира