МИНИСТЕРКАТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА УШТЕ НЕ Е ПОВИКАНА НА РАСПИТ ВО СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРКАТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА УШТЕ НЕ Е ПОВИКАНА НА РАСПИТ ВО СУДОТ

    Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 се уште не ја повикал министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на распит во врска со почнатата истрага за случајот “Тендери“, што вчера ја поведе Специјалното јавно обвинителство.

    Покана од судијата се уште немало ни за надлежниот обвинител во СЈО, а не се знае ни дали воопшто денеска судијата на претходна постапка ќе повикува на распит за најновата истрага што ја обелодени вчера ова обвинителство.
    „Веднаш штом ќе биде закажан распит и бидат поканети странките во случајот ‘Тендери’, ќе бидете известени за терминот“, ни изјавија од Основниот суд Скопје 1.
    Претходно, судот соопшти дека вчера таму од СЈО бил доставен предлог за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, но дека за да одлучи судијата, треба првин да ги сослуша осомничените како тие ќе се изнесат во врска со предлогот на СЈО.

    Специјалното јавно обвинителство вчера покрена истражна постапка под кодно име „Тендери“, a се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице  „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО.

    Првоосомничена во случајот „Тендери“ е министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство.

    „Бетон Штип без спроведена постапка, односно без јавна набавка, ги извршувал градежните работи и кога бил објавен огласот за јавна набавка, формално учествувал во постапката. Од Министерство за култура до „Бетон“, заклучно со  31 декември 2013 година, биле исплатени 54.501.336 денари“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи на вчерашната прес-конференција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира