МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОТИ НЕ ЈА ОБЕЛЕЖАЛА ПОРТА МАКЕДОНИЈА КАКО СПОМЕНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОТИ НЕ ЈА ОБЕЛЕЖАЛА ПОРТА МАКЕДОНИЈА КАКО СПОМЕНИК

    Приведувањето и покренувањето кривични пријави за учесниците на Шарената револуција за нанесување штета на објекти кои се прогласени за културно наследство е спротивно на Законот за заштита на културно наследство, затоа што тие објекти не се соодветно обележани, како што тоа го пропишува законот. Според д-р Донка Барџиева Трајковска, претседателка на ЗГ-Центар за културно наследство, „точно е дека споменик на култура е зградата во која е сместено Министерството за култура на чија фасада беше направена колористичка интервенција за време на протестите, но тоа не мора да го знаат ниту вработените во самото министерство затоа што истата треба да биде означена со посебна табла поставена на видливо место“.

    „На оваа зграда таква табла не е поставена и никој од протестантите, обични граѓани не можел да знае дека станува збор за споменик на култура. Истото се однесува и на објектот Порта Македонија како и за поединечните споменици и спомен обележја. Означувањето на културното наследство кое е задолжително не е направено во предвидениот рок и поради тоа е казниво по Закон“, вели д-р Барџиева Трајковска во денешниот текст објавен на нејзиниот профил на Фејсбук. Таа укажува дека според член 48 на Законот за заштита на културно наследство, заштитените недвижни добра задолжително се означуваат со знак за заштита, и дека означувањето го врши надлежната јавна установа за заштита во рок од 60 дена од донесувањето на актот за заштита, а министерот за култура ги пропишува содржината на знакот за заштита и начинот на означување, употребата на меѓународен знак и поставувањето на други ознаки. Според член 174 од истиот закон, со парична казна од 50.000 до 150.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице, ако не изврши означување на недвижно културно наследство со знак за заштита или означувањето не го изврши во определениот рок.

    Полицијата ја бранеше зградата на Министерството за култура под канонадата јајца и балони со боја на 18 април - Фото:СДК.МК

    Полицијата ја бранеше зградата на Министерството за култура под канонадата јајца и балони со боја на 18 април – зградата во која е сместено Министерството за култура на чија фасада беше направена колористичка интервенција за време на протестите, но тоа не мора да го знаат ниту вработените во самото министерство затоа што истата треба да биде означена со посебна табла поставена на видливо место Фото:СДК.МК

    „Во случајов одговорност треба да сноси надлежната установа НУ Конзерваторски центар, Скопје и министерката за култура која во изминатиот период од четири години (2012-2016) одкако се прогласени новите објекти од Скопје 2014 како културно наследство не ја пропишала содржината на знакот и начинот на означување, и не ги означила новопрогласените објекти како културно наследство. На тој начин направена е повреда на член 174, став 3 за што следи парична казна во износ од 50.000 до 150.000 денари и дополнително ги довела во заблуда граѓаните“, вели д-р Барџиева Трајковска.

    „Министерството за култура направило уште едно прекршочно дело затоа што не формирало Комисија да изврши увид и проценка на направената штета. Наместо тоа, на споменик на култура ангажирало нестручни лица да ја исчистат фасадата на зградата на Министерство за култура без почитување на со закон пропишаната процедура.Уште полошо е што на Порта Македонија обични, неквалификувани граѓанки самоволно започнале ’процес на конзервација’ односно чистење на објектот, со што повторно е прекршен Законот за заштита на културно наследство. За ’чистење’ на културно наследство постои надлежна институција – НУ Конзерваторски центар, Скопје која досега требаше да изврши увид и проценка, да изработи Предлог за санација на оштетувањата и да обезбеди Конзерваторско одобренеие. Бидејќи тоа не е направено, министерството уште еднаш потврди дека Законот не важи за партијата која е на власт и во вакви случаи може да се однесува според лична/партиска проценка. За оваа повреда, во Законот исто така се предвидени казни, кои треба да се применат против актуелната министерка за култура и директорката на надлежната институција за заштита. Ги повикуваме надлежните институции да поднесат кривични пријави против оние кои реално направиле повреда на законот доведувајќи ги во заблуда граѓаните. “, вели претседателката на ЗГ-Центар за културно наследство д-р Донка Барџиева Трајковска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари