МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА НЕ КАЖУВА КОЛКУ ПАРИ ДАЛА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ШТО НЕ СЕ ОДРЖА

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Валандово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА НЕ КАЖУВА КОЛКУ ПАРИ ДАЛА ЗА ФЕСТИВАЛОТ ШТО НЕ СЕ ОДРЖА

    Министерството за култура како покровител на Фолк фест Валандово нема одговор што ќе преземе за одржување на годинашново издание на фестивалот, откако ЗАМП забрани емитување на македонски песни. Од Министерството не одговорија ниту колку средства се доделени за творење на селектираните песни што требаше да се изведат на годинава, ниту пак колку пари се одобрени за награди.

    Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК, поради забраната за емитување музика од автори на ЗАМП која се однесува и на националната МРТВ, општина Валандово како организатор одлучи да го одложи 32. издание, бидејки сакале новите 20 компизиции да бидат слушнати и видени пошироко, а не само во салата на Домот на културата во Валандово.

    Првиот човек на општината Николче Чурлиновски во изјава за медиумите ги замоли авторите на песните што се избрани за годинашново издание да направат отстапка  и да дозволат емитување, бидејки Министерството за култура „дистрибуирало“ по 500 евра за секој тим на песна што ќе биде изведена годинава.

    „Мој апел е до ЗАМП и сите институции и автори да се направи преседан за Фолк фест Валандово, бидејки за сите композиции, избрани по распишаниот оглас,  Министерството ни дистрибуира по 500 евра за тимот за создавање една песна и лично сметам дека сите автори треба да потпишат отстапка само за Фолк фест Валандово за да го одржиме“, истакна Николче Чурлиновски кој смета дека до крајот на годинава фестивалот ќе се одржи.

    Одговор дали ќе направат отстапка на барањето од општината Валандово за одржување на фестивалот не дадоа ниту од ЗАМП. Таму цел ден директорот бил на состаноци и немаше време да одговори на нашето прашање дали ќе излезат во пресрет на молбите на организаторите.

    Според програмата, годинашниов Фолк фест Валандово требаше да се одржи викендов со две музички вечери. Едната ревијална со песни интерпретирани низ годините на фестивалот, втората натпреварувачка со 20 нови композиции при што за најдобрите бил обезбеден награден фонд од 30 илјади евра.

    Освен за македонска музика, од денес стартува и забраната за емитување на српска музика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира