МНОЗИНСТВОТО ГИ СПРЕМА ГАРАНЦИИТЕ ЗА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ

    МНОЗИНСТВОТО ГИ СПРЕМА ГАРАНЦИИТЕ ЗА ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТСДСМ смета дека Иванов не треба да чека до 19 мај кога истекува уставниот рок претседателот да го даде мандатот. - Од прославата на СДСМ пред Влада на 11 декември кога Заев кажа дека со пенкало победиле режим. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Парламентарно мнозинство предводено од лидерот на СДСМ Зоран Заев спрема во која форма ќе бидат гаранциите што ќе му ги дадат на претседателот на државата Ѓорге Иванов идната недела за да го даде мандатот за формирање влада.

    Извори од мнозинството за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека  ги спремаат гаранциите за да му ги достават на Иванов наредната недела. Не откриваат која форма ќе бидат гаранциите што ќе ги достават до Иванов, односно дали оверувачот што треба да гарантира дека програмата на новата влада ќе ја штити унитарноста на Македонија ќе биде странски или домашен.

    Од 27 април кога се избра новиот претседател на Собранието, веќе две недели нема помрднување од мртва точка за давање на мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Претседателот Ѓорге Иванов, и натаму останува на ставот да не му го даде мандатот на Заев ако не му даде гаранции дека Македонија ќе ја зачува унитарноста. Од неговиот кабинет, вчера го повторија ставот дека бараат гаранции од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    Иванов досега покрај гаранциите, како оправдувања планира работни средби во странство со цел да го опструира формирањето на нова влада. Минатиот викенд, Иванов беше во Турција, на родителска средба  на турски универзитет каде студира неговиот син. Службен весник дури по една недела објави дека Собранието има нов спикер Талат Џафери.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери  за да ги запази сите законски процедури, вчера му прати уште едно писмо на Иванов со барање да го даде мандатот бидејќи било формирано ново парламентарно мнозинство.

    Краен рок за давање на мандатот е 19 мај, СДСМ смета дека Иванов не мора да чека 10 дена за да го даде рокот бидејќи формирано е ново мнозинство.

    И лидерот на ДУИ Али Ахмети за телевизијата „24 Вести“ вчера изјави дека не очекува акробации од претседателот на државата и го повтори ставот дека тој и ДУИ се залагаат за унитарна Македонија која ќе биде докажана со програма на новата влада.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира