МОДЕН ДЕТАЉ – ЧАНТАТА НА НУЛАНД СПРЕМНА СО ПЕНКАЛО И СПОЈУВАЛКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОДЕН ДЕТАЉ – ЧАНТАТА НА НУЛАНД СПРЕМНА СО ПЕНКАЛО И СПОЈУВАЛКИ

    Помошничката на државниот секретар на САД Викторија Нуланд на чантата носи закачено пенкало и спојувалки. На сликите со лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Скопје и со лидерот на Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша вчера во Тирана, се гледа дека Нуланд ја носи истата чанта со истиот детаљ – од едната страна е закачено пенкало, а од другата страна неколку спојувалки за хартија.

    U.S. Assistant Secretary of State Victoria Nuland, left and Albania's main opposition Democratic Party leader Lulzim Basha shake hands before their meeting in Tirana, Sunday, July 10, 2016. The United States has urged Western Balkan countries to intensify efforts to consolidate their democracies. Nuland on Sunday started a Balkan tour in Kosovo and will follow with visits to Albania, Macedonia and Serbia. (AP Photo/Hektor Pustina)

    Нуланд на средба со лидерот на Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша вчера во Тирана со истиот моден детаљ на чантата – спојувалки и пенкало (Фото: АП)

    Не се знае дали е коинциденција дека истот моден детаљ помошничката државен секретар го користи само за средби со опозиционери. Попрво станува збор за практичен изум на деловна жена, која пробува да стави ред во женската чанта на оригинален начин, при што на состаноците сака да и се при рака пенкалото и спојувалки за документи.

    нуланд скопје1

    „Важно е системот да биде чист, одговорен и ефективен“, рече Нуланд во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Нуланд денеска во Скопје беше само неколку часа. Таа се сретна со лидерите на четирите партии потписнички на Пржинскиот договор, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претсавници на граѓанските организации. На прес конференција во американската амбасада таа изјави дека очекува деновиве да се направи нов договор за одржување избори, ги пофали невладините за јунаштвото и даде поддршка на Специјалното јавно обвинителство, „за да се врати вистинското владеење на правото, отчетноста и чист правосуден систем во земјата“.

    Таа не ја исклучи можноста и за формирање специјално судско одделение. „Важно е системот да биде чист, одговорен и ефективен“, рече таа.

    На прашањето дали САД размислуваат за санкции, слично како ЕУ ако не се реши политичката криза, таа одговори „се надевам дека ова ќе се реши и нема да мораме да одиме во тој правец“.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари