МОГЕРИНИ ОД КОЊОПОЈ НА КОЊОПОЈ КАЈ ЛИДЕРИТЕ ВО КРИСТАЛНАТА САЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОГЕРИНИ ОД КОЊОПОЈ НА КОЊОПОЈ КАЈ ЛИДЕРИТЕ ВО КРИСТАЛНАТА САЛА

    Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини денес се сретна со лидерите на партиите кои имаат пратеници во Собранието. Средбата беше во новата Кристална сала. Како што ни беше неофицијално кажано, еден од лидерите не сакал да има заедничка слика со Могерини, па поради тоа на фоторепортерите не им беше дозволено фотографирање.

    Во салата немало една заедничка маса. Секој од лидерите и нивните придружници биле распоредени на помали масички растурени низ салата, на безбедна оддалеченост едни од други. За секоја партија била предвидена висока шанкерска масичка – таканаречен „коњопој“.

    Лидерите биле изненадени од распоредот на масите.

    На посебен „коњопој“ била сместена и делегацијата предводена од Могерини. Високата претставничка на ЕУ одела од маса до маса и разговарала со партиските претставници.

    Извори во Собранието, кои сакаат да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека аранжманот со „коњопоите“ не бил смислен за лидерите да не седат на иста маса и да се дружат, туку затоа што настанот бил смислен како „мал прием“. Не сакаа да кажат кој од лидерите барал забрана за фотографирање.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на 17 декември минатата година на протестот пред Државната изборна комисија изјави дека неговата партија го напушта форматот на состаноци и преговори со други партии во кои учествуваат амбасадори и странски посредници или претставници на други држави.

    На средбата од ВМРО-ДПМНЕ биле претседателот Никола Груевски, министрите Никола Поповски и Никола Тодоров и пратеникот Александар Николовски. Од СДСМ на средбата биле лидерот Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, од ДУИ лидерот Али Ахмети придружуван од пратеникот Артан Груби, од ДПА, Мендух Тачи, од движењето БЕСА претседателот на партијата Билал Касами, Африм Гаши и Фадил Зендели. Од Алијансата за Албанците на средбата бил Зијадин Села.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира