МОЈТЕРМИН ДЕЛУМНО ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАБРАНАТА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ САМИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОЈТЕРМИН ДЕЛУМНО ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАБРАНАТА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ САМИ ДА СЕ ЛЕКУВААТ

    Управата за електронско здравство МојТермин при Министерството за здрaвство денеска соопшти дека ја повлекува забраната матичните лекари сами да се лекуваат и сами да си препишуваат лекови, и упати и дека таа ќе важи само за оние доктори кај кои утврдиле злоупотреби. Оваа одлука е донесена откако вчера Здружението на приватни лекари остро реагираше на забраната и посочи дека од неа најмногу ќе страдаат токму пациентите.

    “Имајќи ги во предвид реакциите и дискусиите во јавноста, Управата одлучи да спроведе системска мерка, со која ќе се оневозможи само на оние доктори кои го злоупотребувале системот да си креираат упати и рецепти самите на себе како матични пациенти. Управата ги прифати аргументите дека поради неодговорни поединци не треба да бидат казнети сите доктори кои совесно и законски си ја вршат својата дејност“, стои во соопштението од МојТермин.

    Во објаснувањето до јавноста зошто првично е донесена забраната матичните лекари сами на себе да си бидат избрани лекари, од МојТермин велат дека утврдиле злоупотреби и неправилности во работењето кај повеќе доктори. “Утврдивме дека еден гинеколог си препишал самиот на себе 182 рецепти за една година, од кои 45 се антибиотици. Нереално е и воопшто не соодветствува со протоколите по медицина базирана на докази, пациент да примал антибиотска терапија цела година. Ова е очигледен пример дека станува збор за злоупотреба на системот. Утврдивме десетици случаи на матични доктори од целата држава кои си креирале над 110 рецепти самите на себе за една година, или во просек секој од нив на себе си препишал по 136 рецепти во текот на една година. Во споредба со тоа колку рецепти се препишани само на луѓето кои во текот на годината биле на лекар, просечно се препишуваат 17 рецепти по пациент годишно. Кај околу сто матични доктори е констатирано дека самите на себе си препишувале во просек по 72 рецепти на годишно ниво“, велат од МојТермин.

    Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари, вели дека не одобруваат да се злоупотребува системот, но дека бараат темелна истрага за тоа дали навистина станува збор за злоупотреба или за лекари, кои и самите се пациенти и имаат тешки и хронични болести. “Имаме колешки кои одат на работа и покрај тоа што примаат хемотерапија. Имаме и други постари колеги, кои пијат многу лекови, како што се лекови за притисок, за дијабет, за маснотии и ред други хронични заболувања, па оттаму сметаме дека 72 рецепти годишно не се многу. Од друга страна, ако се утврди злоупотреба, Фондот за здравство со кој имаме договор за работа, има свои казнени механизми, на кои ние сме се согласиле со потпишување на договорите“, вели д-р Чолакова Дервишова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира