„МОСТ“: ПОЧНАА ПРИТИСОЦИТЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    „МОСТ“: ПОЧНАА ПРИТИСОЦИТЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ

    Граѓанската асоцијација „Мост“ од 17 февруари до 3 април забележала повеќе предизборни прекршоци. Имало подготвување на списоци на потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата, непочитување на принципот на одвоеност на државата и на партијата при обраќање на државните функционери, употреба на државни возила за партиски цели, како и притисок врз вработените во администрацијата да посетуваат партиски настани на владејачката партија.

    На прес-конфенрецијата на „Мост“ беа присутни амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав, британскиот амбасадор Чарлс Гарет и повеќе претставници на ОБСЕ/ОДИХР.

    Од „Мост“ велат дека добиле овластување да ја набљудуваат теренската проверка на избирачкиот список, но само во подрачните канцеларии на ДИК, со што им било оневозможен целосен увид, а подрачните канцеларии на ДИК не им давале информации за процесот.

    – Околностите во кои се спроведе теренската проверка не одат во прилог на ефикасно и ефективно констатирање на реалноста, како и влевање доверба во процесот. Сè уште не е јасно како ќе се третираат тие лица што не биле пронајдени на своите регистрирани адреси и кои не се појавиле во подрачните канцеларии во предвидениот рок од три дена. Поради тоа, ја повикуваме ДИК да се произнесе за сите предизвици со кои беше соочена во текот на овој важен процес, а не само за теренската проверка, и на јавноста да ѝ соопшти јасно и недвосмислено дали може да гарантира спроведување на веродостојни избори – вели Дарко Алексов од „Мост“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари