МОЖНИ СЕ САНКЦИИ ОД ЕУ ЗА ПОЕДИНЦИ ОД ВЛАСТА, ВЕЛИ ГАРЕТ МАРТИН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ВО ВАШИНГТОН

    МОЖНИ СЕ САНКЦИИ ОД ЕУ ЗА ПОЕДИНЦИ ОД ВЛАСТА, ВЕЛИ ГАРЕТ МАРТИН ОД ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ВО ВАШИНГТОНСанкциите се очекувана последица од политичката криза, вели професорот од Американскиот универзитет Гарет Мартин. - Од протестите на „За Заедничка Македонија“ (Фото: СДК.МК)

    По посетите на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кои беа неуспешни, трпението на Европската унија истекува и можен следен чекор за решавање на политичката криза во Македонија се санкции, најави Гарет Мартин, професор на Американскиот универзитет и експерт од Европскиот институт во Вашингтон во изјава за „Гласот на Америка“. Тој вели дека во игра се и други опции, но судејќи според слични ситуации во минатото, ЕУ има пракса да воведува санкции кон поединци.

    „Во игра се многу опции, но ако погледнете што било направено во други држави од страна на ЕУ, најпроминентни би биле замрзнување на капитал, забрана за патување, кои пак се особено погодни кога целите кон поединци, а не кон цели држави“, вели Мартин, кој додаде дека ова ќе бидат очекувани последици од политичката криза.

    Професорот Мартин кажа и дека е можно ЕУ да ја скрати помошта за Македонија, како што направи и минатата година.
    „Европската Унија може да ја искористи и нејзината финансиска моќ, како што направи и минатата година, кога одлучи да и` скрати на Македонија дел од предвидените средства, поради неспроведување на реформите. Тоа е уште еден начин да се направи притисок врз Иванов“, изјави Мартин за „Гласот на Америка“.

    Според него, ако лидерот на СДСМ Зоран Заев направи некаков договор за имунитет за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, тоа може да обезбеди општествен мир, иако на краток рок нема да биде популарна мерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира