МВР ПОТВРДИ АПСЕЊА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОМПЛЕКС

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    МВР ПОТВРДИ АПСЕЊА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОМПЛЕКС

    Одделот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со надлежното јавно обвинителство ја спроведува акцијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, потврдија за  агенцијата Мета од МВР.

    Околу Универзитетскиот комплекс се уште има бројни полициски сили.

    „Одделот за справување со организиран и сериозен криминал презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителтво на УКИМ, поради сомневање за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и примање поткуп, сторени од вработени на Економскиот факултет“, велат од МВР.

    Оттаму не откриваат колку и кои лица се осомничени за кривичните дела и дали има уапсени, а повеќе детали за акцијата најавуваат за утре.

    Според неофицијални информации, во полициската акција, под кодно име „Еразмус“ , е уапсен професорот и поранешен декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, а полицијата, наводно, трага по уште седум лица, од кои дел се негови колеги.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари