НАГРАДАТА “НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА СТОРИЈАТА ЗА КОСТА КРПАЧ ОБЈАВЕНА ВО ЕМИСИЈАТА “КОД“ НА ТВ ТЕЛМА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАГРАДАТА  “НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА СТОРИЈАТА ЗА КОСТА КРПАЧ ОБЈАВЕНА ВО ЕМИСИЈАТА “КОД“  НА ТВ ТЕЛМА

    Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен го освоија првото место на годинешниот конкурсот на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија.

    Победничката сторија, објавена во емисијата „КОД“ на ТВ Телма, ги истражува околностите за мистериозната смрт на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од аболицираните лица од страна на претседателот.

    Втората награда ја доби Зоран Јованоски за видео-сторијата „Пеплиште на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М. Сторијата ги открива застрашувачките последици по здравјето на луѓето и на животната средина предизвикани од работењето на термоцентралата Осломеј, во време кога државата најавува дека ќе го продолжи нејзиниот животен век.

    Ирена Мулачка, новинарка во неделникот „Фокус“ е трето наградена на конкурсот за серијалот текстови кои обелоденуваат застрашувачки податоци за смртта на 80 новороденчиња на скопската Клиника за гинекологија за само шест месеци.

    Жири-комисија одлучи да им додели пофалници за истакнат новинарски ангажман на новинарите Владо Апостолов за сториите „Дамки врз тендерот за чистење на Владата“,„Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец“, „Гласачи живеат во Свети Николе, ама на скопски адреси“  и  „Серијалот истражувања за имотот на Владимир Здравев“, објавени на интернет-порталот „Призма“, и на Стојанка Митреска за сторијата„ Печуркарата во Свети Николе мувлоса предвреме“, исто така, објавена на интернет-порталот „Призма“.

    Комисијата одлучи да ги пофали  за новинарски истражувања и новинарите Горан Лефков, за сторијата “Мистеријата на зградата на Телеком:во центарот на Скопје, невидлива за институциите“, објавена на интернет-порталот на СКУП Македонија, Соња Колевска Делевска за серијалот текстови за лица болни од цистична фиброза, обајвени на веб порталот „САКАМДАКАЖАМ.МК), и тимот на новинари на порталот Нова ТВ-Сашка Цветковска, Маја Јовановска и Кристина Озимец за серијата текстови за документите од Панама поврзани за Македонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира