НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПСКО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈМАЛКУ 15 ЗАГИНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПСКО

    Најмалку 15 жртви однесе синоќешното невреме во скопскиот регион, дознава САКАМДАКАЖАМ од извори во спасувачките екипи, кои сакаа да останат анонимни затоа што не се авторизирани да даваат изјави за јавност.

    МВР излезе дека со детални информации ќе излезе подоцна во текот на претпладнево.

    И Во Центарот за управување со кризи велат дека се уште не можат да излезат со официјална информација за загинати, исчезнати или повредени граѓани.

    Најголем дел од жртвите се од областа на селата Стајковци, Синѓелиќ, Црешово и Арачиново.

    Едно дете било донесено мртво, а уште десетина граѓани се примени во Ургентниот центар по синоќешното невреме во скопско, дознаваме од извори во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пациентите се со различни повреди и дел од нив биле упатени на други клиники.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари