НАМЕРНО ГО БЛОКИРАТЕ СОБРАНИЕТО ЗА ДА НЕ СЕ ИСПЛАТАТ 100 МИЛИОНИ СУБВЕНЦИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ОБВИНИ ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОВСКИ ОД СДСМ

    НАМЕРНО ГО БЛОКИРАТЕ СОБРАНИЕТО ЗА ДА НЕ СЕ ИСПЛАТАТ 100 МИЛИОНИ СУБВЕНЦИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ОБВИНИ ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОВСКИ ОД СДСМВо овој период на блокада се знае дека следниот месец се загрозени исплатата на пензиите, платите, социјалната помош, кажа Николовски собраниската говорница (Фото: СДК.МК)

    СДСМ повторно го обвини претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски дека дозволува кршење на Деловникот и намерно го блокира Собранието само за да се заштитат криминалите на досегашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ .
    „Љупчо Димовски не зборуваше за точката на дневен ред. Дозволивте пратеникот Љупчо Димовски да го крши деловникот затоа што постојат сериозни индиции и кривични пријави, кои говорат дека во моментов кога ја правите блокадата на Собранието ги стопиравте 100-те милиони евра субвенции кои треба да им се исплатат на земјоделците. Во овој период на блокада се знае дека следниот месец се загрозени исплатата на пензиите, платите, социјалната помош. Токму како резултат на оваа блокада, дозволивте аболицирани за криминал да го опструираат Собранието“, рече пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ.

    Тој го обвини пратеникот Љупчо Димовски дека кога бил министер за земјоделство потпишал цесија на незаконски договор на фирмата „Корал“, која претходно била сопственост на сопругата на градоначалникот на Демир Капија.
    „Незаконски дозволивте исплата на стотици илјади евра за субвенции кои не отидоа кај вистинските земјоделци, туку кај ваши функционер“, рече Николовски.

    Претседавачот Вељаноски на забелешката на Николовски дека дозволил Димовски да го крши Деловникот, го прочита стенограмот од дискусијата на Димовски во која тој зборува за изборот на Комисијата за избори и именување.

    Пратеникот Димовски во репликата на обвинувањата на Николовски рече дека нема намера да навлегува подлабоко во обвинувањата на Николовски дека потпишал незаконски договор за цесија.

    По дискусиите на Димовски и Николовски, за процедурално се јавија пратениците Антонијо Милошоски и Илија Димовски, а претседавачот на седницата Вељаноски ги опомена пратениците дека пак почнале да ги злоупотребуваат процедурални забелешки за партиски да се препукуваат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира