НАРОДНАТА БАНКА ЈА ПУШТИ ВО ОПТЕК КОВАНАТА ПАРА „СВЕТИ НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАРОДНАТА БАНКА ЈА ПУШТИ ВО ОПТЕК КОВАНАТА ПАРА „СВЕТИ НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ“

    Народната банка ја пушти во оптек кованата пара „свети Никола Чудотворец“ за колекционерски цели. Оваа кована пара е изработена од сребро, а цената на „свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.

    На „свети Никола Чудотворец“ на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик. На реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира