НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЌЕ ИСПИТУВА ЗОШТО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НЕ ГО ВПИШУВА НОВИОТ СИНДИКАЛЕН ЛИДЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЌЕ ИСПИТУВА ЗОШТО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НЕ ГО ВПИШУВА НОВИОТ СИНДИКАЛЕН ЛИДЕР

    Народниот правобранител Иџет Мемети ќе отвори предмет за да ги утврди причините поради кои не се врши упис на в.д синдикалниот лидер Дарко Димовски во Централниот регистар.

    На средбата со претставниците на Синдикатот (ССМ), Мемети бил информиран за постапката на изборот на в.д синдикалниот лидер Дарко Димовски како и за проблемите со неговото запишување во Централниот регстар. Народниот правобранител изразил загриженост по однос на случувањата во Синдикатот, посебно за проблемите со кои се соочува поради непочитување на законски пропишаниот рок од страна на Централниот регистар за одлучување при уписот по пријавата

    Народниот правобранител Мемети потенцирал дека слободата на здружување не е само уставна категорија, туку истата ја гарантираат и меѓународните конвенции, посебно Конвенцијата за слобода на здружување и заштита на правата на ораганизирање, која предвидува дека ораганизиациите на работниците и работодавачите имаат право да прават сопствени установи и правила и да бираат свои претставници, а државните органи да се воздржат од какви било влијанија што ќе ги ограничат овие права или ќе го попречуваат неговото применување во практика.

    Досегашниот синдикален лидер Живко Митревски  беше сменет  на 13 ноември. За в.д. претседател на ССМ беше избран Дарко Димовски.

    ССМ одлуката за нов претседател ја доставил до Министерството за труд и социјална политика, кое одлучи Дарко Димовски да биде запишан во Централен регистер како одговорно лице во Синдикатот и решението е доставено на 14 ноември. До денес Димовски не е запишан во Централниот регистар како нов синдикален лидер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира