НЕДЕЛАВА ВТОРА ШАНСА ЗА ПОВИКАНИТЕ КОИ НЕ ДОЈДОА НА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕДЕЛАВА ВТОРА ШАНСА ЗА ПОВИКАНИТЕ КОИ НЕ ДОЈДОА НА РАСПИТ ВО СЈО

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера потврди дека очекува неделава на распит да дојдат сите оние кои беа повикани, а не дојдоа. Јанева не прецизираше кој е повикан, но рече дека очекува оваа недела тие конечно да дадат исказ во СЈО.

    Вчера на распит во СЈО дојдоа најбогатиот Македонец, бизнисменот Орце Камчев и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, но Јанева не кажа зошто се тие повикани.

    Камчев ги избегна новинарските екипи без да даде изјава во кое својство и за кој случај бил повикан во СЈО. Реномираниот економски магазин „Форбс“ годинава го прогласи Камчев за најбогат Македонец. Тој преку неговата компанија „Орка холдинг“ е сопственик или косопственик на болницата „Систина Аџибадем“,  на „Стопанска Банка- Битола“, на најголемиот земјоделски комбинат ЗИК „Пелагонија“, на градежната фирма „Бетон-Штип“ со 55 милиони вредни градежи работи во „Скопје 2014“, хотелот „Ибис“, на медиумската куќа МПМ и десетина други фирми. Акционер во неговите фирми и партенр е оф-шор фирмата „Ексико“ која е регистрирана на иста адреса во Олбани, САД со фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач се самоуби, а беше сведок на СЈО и меѓу 56-те аболицирани од претседателот Ѓорге Иванов за криминали произлезени од прислушуваните материјали.

    Министерката за култура Канческа-Милевска остана речиси четири часа во СЈО, а кога излезе рече дека била повикана како сведок и дека го потенцирала законското работење на министерството за култура. Не кажа за кој случај сведочела. Се претпоставува дека министерката е повикана за проектот „Скопје 2014“ вреден 640 милиони евра и реализиран во нејзиниот мандат, за кој СЈО има истрага.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира